„Трето полувреме“ награден на Филмски фестивал во Аталанта

Филмот „Трето полувреме” на режисерот и сценарист Дарко Митревски ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14-тиот Еврејски филмски фестивал во Атланта, САД.

treto-poluvreme500

Филмот од страна на публиката е прогласен за најдобар филм на 18-тиот Еврејски филмски фестивал во Детроит, САД.

Во Австралија филмот „Трето полувреме” наскоро ќе биде издаден на ДВД.

Филмот досега учествуваше на фестивали во САД, Кина, Русија, Австрија, Чешка Република, Полска, Канада, а се продаде во Франција, Тајван, Кина, Јужна Кореја, Австралија и во Нов Зеланд.

„Трето полувреме” премиерно беше прикажан за отворањето на 33. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во септември 2012 година. Филмот беше и македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Извор: МИА

Коментари

Популарно