Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Бен Афлек и Џенифер Лопез се разведуваат?

Популарната двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез која се венчаше пред само две години наводно се разведува.

Актерот веќе се иселил од заедничката куќа која неодамна ја купиле,  пренесуваат американските медиуми.

Според написите во американските портали, еден од проблемите е различниот пристап и начинот на кој се справуваат со славата. Лопез го привлече медиумското внимание, додека Бен се оддалечи од тоа.

Џен и Бен во последно време поминуваат многу време разделени. Исто така, актерот не присуствуваше на Мет Гала со неговата сопруга Лопез и покрај нејзината улога на водителка на настанот.

Популарната двојка првпат почна да се забавува на почетокот на 2000-тите, а само неколку дена пред да се венчаат – се беше откажано.

Тие останаа заедно до јануари 2004 година, кога следеше конечниот крај. На помирување чекаа речиси 20 години, па тоа го направија во 2021 година, а конечно се венчаа во јуни 2022 година.

Поранешниот свршеник на Лејди Гага се ожени со 15 години помлада манекенка

Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата „Чикаго во пламен“, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.

Тие имаа мала, приватна церемонија во Чикаго, каде што Кини неодамна го заврши снимањето на 12-тата сезона од серијата на Ен-би-си, пишува „Пипл“.

Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на „Инстаграм“ во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан. Иако двојката јавно не зборуваше за својата врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата „Чикаго во пламен“ во 2022 година во 11-тата сезона.

Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.

Кругер на Универзитетот во Ајова дипломирала новинарство во 2017 година. По тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментно работи со скратено работно време како менаџер за развој на бизнис за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.

Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип вечерва ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите.

– Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, рече француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

– Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, рече Мерил Стрип.

Вечерва во Кан почна 77-от Меѓународен филмски фестивал, кој ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма ќе се борат за наградата Златна палма.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито е Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари

Популарно