Продолжува претставувањето на изборните програми на партиите

Партиите денеска ја продолжуваат изборната кампања во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат во недела.

izbori-kampanja1

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските населби Гази Баба и Бутел, а ќе ги посети и општините Сарај, Чаир и Шуто Оризари.

Опозициската СДСМ ќе ја продолжи изборната кампања во скопските општини Аеродром и Карпош, а претходно ќе ги посети Гостивар и Тетово и општините Чаир и Бутел.

ДУИ вечерва ќе биде на митинг во Кичево, а ДПА во Струга.

Пред кумановчани вечерва својата програма ќе ја претстави Коалицијата за позитивна Македонија, додека ВМРО-Народна партија ќе има средби со граѓаните на Штип.

Коментари

Популарно