Иванов на средба со жителите на општина Карпош

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“  Ѓорге Иванов денеска во општина Карпош оствари средба со граѓаните на населбите Тафталиџе и Карпош 3, при што го посети и пазарот во Тафталиџе.

ivanov-kavadarci

Со жителите на Карпош, Иванов размени мислење околу севкупните состојби во општината и ги претстави главните цели од неговата изборна програма.

Заблагодарувајќи се за поддршката на првиот изборен круг, Иванов ги повика граѓаните во недела масовно да го искористат своето демократско право на глас и да изберат тим кој мисли за иднината на секој граѓанин во Република Македонија.

Доколку повторно ја добие довербата на народот, тој посочи дека и натаму во рамки на своите надлежности максимално ќе се залага за унапредување на економскиот развој на државата, како и за унапредување на меѓународниот углед. Иванов додаде дека за севкупниот напредок е неопходна квалитетна соработка меѓу институциите.

Коментари

Популарно