Граѓаните нека одлучат: Груевски или Заев!!!

На предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27-ми април, ќе се одлучува помеѓу принципите на актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и аферите на првиот човек на опозицијата Зоран Заев, сметаат аналитичарите пишува порталот курир.мк

rabotlivost-manipulacijaa

Во недела ќе се одлучува за премиер помеѓу Груевски, за кого досега стои работа, отчетност и програма, и Заев зад кого се провлекуваат десетици афери во минатото.

Лидерот на СДСМ имаше контроверзен став во однос на името, кога рече дека треба да се свитка кичмата за да се постигне решение и компромис со јужниот сосед.

zaev-kicma

-Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институци и мислам дека овде треба некој пат и да “свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, изјави Заев во август 2008 година.

Исто така, Заев стана познат и по снимената изјава дека во Македонија ќе има пукање, која ја даде по повод настаните на 24 декември, кога СДСМ на сила сакасе да го узурпира Парламентот велат на порталот.

-Најверојатно ќе нема избори но треба да се подготвуваме како да ги има. Оти после ова што се случи во Собранието, ние немаме намера ниту да учествуваме на избори, ниту да поднесуваме кандидатски листи. А при ваков случај ако тие сами учествуваат на избори ќе има пукање. Ама треба да се спремаме како да има избори, рече Заев во телефонскиот разговор.

Во јавноста остана запамтена и изјавата дека кога ќе дојде на власт ќе има бркање од работа од чистачка до раководител, како и дека живи луѓе има да се јадат.

- Кога се дружите со нив велат вие сте меки, вие заборавате, ќе помине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме. Да им кажете беше Заев, апсениот Заев и дека живи луѓе ќе јадеме после тоа. Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе... ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди рече лидерот на СДСМ, тогаш во фунција на потпретседател на партијата.

Секако, последното по кое беше актуелен се тендерите кои Заев како градоначалник ги делеше на фирми од неговото семејство, негов брат, братучеди, роднини и бизнис пријатели. Најголемата афера поврзана со Зоран Заев беше во 2008 година кога тој беше амнестиран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за случајот Глобал и сомневање за криминал тежок над 8 милиони евра пренесува курир.

Згора над тоа, јавноста го запамети Зоран Заев и по тоа што е човек кој се “залага“ за средната класа, а кој самиот признава дека неговото семејство има имот вреден 5 до 6 милиони евра, без да прецизира колку точно вреди капиталот.

Коментари

Популарно