Што всушност е холестеролот?

Холестерол е збор со кој лекарите го „плашат“ скоро секој нивен втор пациент над 30 годишна возраст. Но, што всушност претставува тој и секогаш ли е опасен, доколку во човечкиот организам дојде до зголемување на холестеролот?

choleserolХолестерол го има во многу живи организми. Кај човекот тој истовремено се обработува во неколку органи- црниот дроб, бубрезите, надбубрежните жлезди и некои делови од половиот систем.

Околу 80% од холестеролот во организмот го произведува самиот тој,а останатите 20% се внесуваат преку исхраната. Меѓутоа не секогаш холестеролот е штетен, бидејќи тој постои во телото во форма на соединенија – липопротеини. Истите тие соединенија се делат на два вида - со висока и со ниска густина.

Липопротеинот со ниска густина т.н. LDL холестерол го зголемуваат ризикот од стеснување и затнување на крвните садови, што доведува до инфаркти или мозочни удари.

Големото количество протеини со висока густина или т.н. HDL холестерол напротив - се смета за знак на добро здравје.

Коментари

Популарно