Неверојатен природен феномен: Верверичка нападна и изеде змија!!!

Сигурно на верверичкава и здосадило да собира ореви и лешници, па решила да ги испроба силните заби и својата брзина и тргнала во лов на предатори.

Првото животно на кое наишла била змија, која била затечена кога сфатила дека болката што ја почувствувала во долниот дел на телото и ја задала верверица која се обидувала жива да ја изеде. Откако змијата неколкупати ја каснала, верверицата очигледно сфатила дека ќе мора да ѝ ја одгризе главата ако сака на мира да ужива во оброкот.

Верверицата малку се стресла, разгледала план за напад и ја гризнала змијата за врат.

Вервериците обично не јадат месо, но претпоставуваме дека кутриот глодар веројатно заболел од беснило. За да стане првата верверица која убила и изела змија, веројатно неодамна морала да плати висока цена.

Коментари

Популарно