„Република“: Како карневалскиот самурај се претвори во политичко десперадо

Зо­што Зо­ран За­ев не мо­же да би­де пре­ми­ер на Ма­ке­до­ни­ја?

zaev-samurah

Отка­ко не ус­пеа да ја убе­ди ма­ке­дон­ска­та јав­ност во про­вид­на­та ма­ни­пу­ла­ци­ја де­ка Гру­ев­ски ка­ко опо­зи­ци­о­нер при­мил еден и пол ми­ли­он евра по­ткуп за про­даж­ба на бан­ка во вре­ме­то ко­га на власт би­ла СДСМ, За­ев про­дол­жи со но­ви про­е­кти. Не еко­ном­ски или со­ци­јал­ни, уште по­мал­ку дип­ло­мат­ски. Про­дол­жи со фал­си­фи­ка­ти. Из­ва­ди до­ку­мен­ти на кои се ко­ри­сти пе­чат што ни­ко­гаш не бил во по­сед на Гру­ев­ски или на не­кој од не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи во пер­и­о­дот ко­га се раз­де­лу­ваа со Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Што е тоа што го пра­ви ли­де­рот на СДСМ тол­ку нев­ни­ма­те­лен и не­ус­пе­шен во тоа што го ра­бо­ти ка­ко по­ли­ти­чар. Тој во се­кој слу­чај не е на­и­вен чо­век. Биз­нис­мен што за­ед­но со сво­е­то се­мејс­тво за­ра­бо­тил, спо­ред сопс­тве­но приз­на­ние, 6-7 ми­ли­о­ни евра, а спо­ред фи­нан­си­ски­те из­ве­штаи 12 ми­ли­о­ни евра, со про­фит од два ми­ли­о­на евра са­мо во 2012 го­ди­на, мо­ра да е из­во­нред­но умен чо­век, пишува Република.

Од ка­де то­гаш тол­кав број не­ло­гич­ни и про­вид­ни по­ли­тич­ки че­ко­ри кои не са­мо што го пре­тво­ри­ја во ми­стер Гаф ту­ку и му го ур­наа кре­ди­би­ли­те­тот ка­ко пре­тен­дент за пре­ми­ер. Му оста­на да би­де са­мо оби­чен по­ли­ти­чар, и тоа са­мо по­ра­ди из­во­нред­но ни­ски­те стан­дар­ди во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка.

При­каз­на­та за Зо­ран За­ев за по­до­бро ин­фор­ми­ра­на­та по­ли­тич­ка јав­ност поч­ну­ва во 2003 го­ди­на ко­га ста­ну­ва пра­те­ник на СДСМ во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Дип­ло­ми­ра­ни­от еко­но­мист на скоп­ски­от Еко­ном­ски фа­кул­тет и не­су­де­ни­от ма­ги­стер по мо­не­тар­на еко­но­ми­ја и фи­нан­сии оста­ну­ва пра­те­ник до 2005 го­ди­на ко­га прв­пат ста­ну­ва гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца. Во сво­ја­та ка­ри­е­ра ни­ко­гаш не ста­на поз­нат по про­е­кти и идеи по­вр­за­ни со мо­не­тар­на­та еко­но­ми­ја и фи­нан­си­и­те, но за­тоа во сво­јот ро­ден град во сво­и­те два­е­сет­ти го­ди­ни вр­шел не­кол­ку функ­ции. Член на СДСМ е од 1996 го­ди­на, по што бил ди­ре­ктор на фир­ма­та „Тр­го­про­дукт“, член на Упра­вен од­бор на ште­дил­ни­ца­та „Пе­он“, бил член на Упра­вен од­бор на се­меј­на­та фир­ма „ИГМ – Еле­ни­ца“ и пре­тсе­да­тел на Упра­вен од­бор на јав­но­то прет­при­ја­тие „Ко­му­на­лец“ во Стру­ми­ца.

На ши­ро­ка­та јав­ност Зо­ран За­ев ѝ ста­ну­ва поз­нат на 17 ју­ли 2008 го­ди­на ко­га за­ед­но со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци е уап­сен по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца.

Слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­та пот­пи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Со од­лу­ка­та на пре­тсе­да­те­лот, кој, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те за­кон­ски мож­но­сти кои му да­ваа ди­скре­ци­о­но пра­во, ги ос­ло­бо­ди Зо­ран За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, об­ви­ну­ва­ња­та про­тив не­го ни­ко­гаш не до­жи­ве­а­ја суд­ска раз­вр­ска, а ди­ле­ма­та да­ли За­ев го пре­кр­шил за­ко­нот за­се­ко­гаш оста­на да леб­ди во воз­ду­хот.

zaev-bc

Како Заев би ја претставувал Македонија

Едно од прашањата кое си го поставуваат голем број од македонските граѓани се однесува на начинот на кој што Заев би ја претставувал земјата на евентуални средби со светски лидери како Обама, Меркел, Путин или Оланд. Како човекот што беше ин­вол­виран во де­сетици скан­дали во кои главни актери беа неговите нај­блиски роднини кои ги водат компаниите во кои беше утврден криминал и прекршување на тендерски процедури, ќе излезе и ќе разговара на рамна нога со светските, европските или регионалните лидери?!  Заев на вакви евентуални средби би бил единствен висок државен претставник кој што бил аболициран за криминал кој што е вреден 8 милиони евра, висок дури и за светски прилики. Настрана прашањето како Заев би се снашол во разговори на глобални и сложени регионални теми кога тој не може да избегне гафови дури и за обични домашни прашања? Но овие прашања не се однесуваат на македонските гласачи затоа што ним и е јас­но дека Заев ни оддалеку не е дораснат за врвна државна фун­кција. Ова реторичко прашање треба да го одговори човекот што македонската јавност не го памети по некоја голема идеја или изјава туку исклучиво по гафови и погрешни проценки, какви што не се дозволени ниту во македонската политика.

Во сеп­тем­ври иста­та го­ди­на, ко­га бе­ше уап­сен за слу­ча­јот „Гло­бал“, За­ев ста­на вр­ши­тел на долж­но­ста пре­тсе­да­тел на СДСМ или, ка­ко што го на­ре­че опо­зи­ци­ја­та, чу­вар на фо­тел­ја­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски до­де­ка тој е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Вед­наш по пре­ки­нот на функ­ци­ја­та на Цр­вен­ков­ски, За­ев си оди од пар­ти­ска­та по­зи­ци­ја и ста­ну­ва пот­пре­тсе­да­тел. Во 2009 го­ди­на втор­пат по­бе­ду­ва во тр­ка­та за гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца.

По пов­ле­ку­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски од пар­ти­ја­та, на кон­гре­сот на СДСМ во мај 2013 го­ди­на За­ев до­би­ва најм­но­гу гла­со­ви и ко­неч­но ста­ну­ва пре­тсе­да­тел на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. Од то­гаш, па до де­нес Зо­ран За­ев во­ди две па­ра­лел­ни би­тки, со ог­лед на не­го­ви­те поз­на­ти вер­бал­ни ис­па­ди, тој ма­ка ма­чи да до­ка­же пред це­ла­та јав­ност де­ка е раз­у­мен по­ли­ти­чар и па­ра­лел­но со тоа да ги убе­ди сво­и­те со­пар­тиј­ци де­ка е ви­стин­ски­от из­бор за ли­дер на не­ко­гаш моќ­на­та пар­ти­ја. Во тие оби­ди 42- го­диш­ни­от по­ли­ти­чар не­ре­тко оди пре­да­ле­ку, со што не са­мо што пра­ви ште­та за сво­јот имиџ ту­ку и пре­диз­ви­ку­ва се­ри­оз­ни по­дел­би во ин­те­ле­кту­ал­ни­те кру­го­ви бли­ски на СДСМ.

Повеќе прочитајте на Република

Коментари

Популарно