Алија Сиротановиќ: Легендарниот рудар кој за награда бараше поголема лопата

Рударот од Бреза, централна Босна, Алија Сиротановиќ, еден од најпознатите „јунаци на социјалистичкиот труд“ во бивша СФРЈ, почина пред точно 24 години, потсетуваат сараевските медиуми. Легендарниот рудар од тогашната власт како награда бараше само една поголема лопата.

sirotanovic-700x352

Легендата за Сиротановиќ настана откако на советот на експерти од рудникот Бреза и копачите од истиот, во 1949 година, Сиротановиќ предложи неговата бригада да добие можност да работи на три места и се обврза себеси дека ќе го надмине рекордот на познатиот советски рудар Алексеј Стаханов.

Тоа беше првокласна пропагандна случка, предлогот беше прифатен, а Сиротановиќ и неговата бригада на 24 јули, 1949 година започна со соборување на споменатиот рекорд. Самиот Сиротановиќ истиот ден го собори светскиот рекорд во копање јаглен, ископувајќи неверојатни 152 тони во осум работни часа, со тоа надминувајќи го рекордот на Стаханов за дури 50 тона повеќе.

alija-sirotanovic

Поголема лопата со која би се копало уште побрзо, наводно, била единствената награда која Алија ја побарал од тогашната влас, откако се прославил со своето ударништво и труд.

Сиротановиќ стана симбол на работничката класа и беше одликуван со Орден на хероите на социјалистичкиот труд.

Неговиот лик подоцна беше отпечатен на банкнотата од 20.000 југословенски динари, а една улица во неговото родно место Трториќи го носи неговото име.

Наводно, познатиот филм “Мермерниот човек“ (Czlowiek z marmuru) од полскиот режисер Андржеј Вајдa беше инспириран токму од ликот и делото на Сиротановиќ, а песната „Срце, раце и лопата“ од култните Забрането пушење го овековечи во музиката.

Коментари

Популарно