Гробарите и Делиите заедно ќе го бранат Шабац од поплавите!

Гробарите и Делиите заедно ќе го бранат Шабац. Тие се одзваа на повикот на српскиот премиер Александар вучиќ за се соберат 1500 доброволци.

Гробарите се организирале преку социјалните мрежи и кон Шабац вечерва ќе тргнат во две тури. Дел од нив се собраат во 20 часот на стадионот, а останатите во 20 и 30 пред Арена. На апелот за помош се приклучил и ФК Партизан, кој ги повика сите свои поддржжувачи и симпатизери да помогнат.

delii grobari

Сите во Шабац, ова е повикот на ФК Црвена Ѕвезда

,,Ги повикуваме сите добри луѓе да дојдат и сите заедно да појдеме во Шабац, на кој нашата помош му е неопходна,,  Упатството вели да се понесат гумени чизми, јажиња, вода и храна. Делиите се собираат во 20 часот пред Маракана.

dzvezda

Кога е во прашање безбедноста на татковината се закопуваат воените секири, браво за овој потег на двете спротивставени навивачки групи од Белград.

Коментари

Популарно