Новак Ѓоковиќ бесен на светските медиуми: Зошто CNN i BBC не пренесуваат за поплавите во Србија и Босна!!!

Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани, половина земја може да остане без струја. Тоа мора да му се покаже на светот, изјави Новак.

novak-dokovic-foto-reuters-1400337239-498629

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги критикуваше BBC, CNN и останатите светски медиуми бидејќи, како што кажа, не известуваат за поплавите во Србија и Босна.

„Во Србија поплавата е од библиски размери. Затоа имам потреба да укажам на тоа во секоја можна прилика бидејќи главните светски медиуми како CNN и BBC не известуваат доволно за тоа што се случува во Србија и Босна. Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани и се под вода, половина од земјата нема да има струја. Тоа мора да го знае светот. Ни треба помош.“ изјави српскиот тенисер.

Коментари

Популарно