ФОТО: Македонските граѓани почнаа да донираат за настраданите од поплавите во Србија и во БиХ!!!

Донации за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина започнаа да собираат македонските граѓани. Дел од нив со сопствени автомобили преполни со храна и вода се упатуваат кон Врање. Во текот на вчерашниот ден, за само неколку часови, од донациите на телефонскиот број 143 400 собрани беа околу 24.000 евра. На социјалните мрежи се јавуваат стотици граѓани кои сакаат да се пријават како волонтери во кризните подрачја во Србија и во БиХ.

makedonija donacii

Големата акција за донирање храна, вода и облека почнува на 12 часот на плоштадот Македонија во Скопје. Храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење се производите кои се најпотребни во поплавените подрачја на Србија и Босна и Херцеговина, информираат од Црвениот крст на Македонија.

makedonija donacii1

Утринава, со хеликоптер за Србија замина една чета од Единицата за специјални задачи „Тигар“ која е професионална за спасување и помош во кризни ситуации.

makedonija donacii2

ФОТО: Фокус

Коментари

Популарно