Еве кој ќе го отвори Охридско лето

На свеченото отворање на 54-то Охридско лето на сцената на Античкиот театар ќе блеснат две оперски ѕвезди. Љубителите на уметноста ќе имаат ретка можност да уживаат во заедничкиот настап на италијанскиот сопран со ангелски глас Барбара Фритоли и италијанскиот баритон Лео Нучи.

images (5)

Покрај нив годинешното фестивалско издание ќе биде богато со врвни музички имиња чии настапи ги краселе престижните светски сцени. Еден од најпознатите светски пијанисти и најпродаваниот кросовер-пијанист во светот, Хрватот Максим Мрвица ќе настапи на фестивалот Охридско лето, најавија организаторите. Мрвица е соработник на светските модни брендови „Долче и Габана“ и „Армани“ и неговиот концерт е само една од атракциите на фестивалот. Публиката на 1 август ќе може да го проследи настапот на израелскиот ансамбл „Вока пипл“, кој во своето шоу вклучува а капела и битбокс кој ги имитира звуците на комплетен оркестар - тапани, труби, гитари и други инструменти и музички ефекти. „Вока пипл“ се претставува како вонземјани што потекнуваат од далечната планета Вока. Првпат во Македонија ќе настапи и „Моцарт груп“.

images (4)

„Солзи и смеа“ е мотото на годинашната драмска програма на фестивалот.

„Токму заради тоа мојот избор оваа година се комедии, претстави со ведар дух, топли претстави кои што се разбира ќе бидат под закрилата на класиката и под закрилата на високата уметност“, нагласи драмскиот селектор Ѓорѓи Јолевски.

Коментари

Популарно