Како да се спасите од комарците?

Летото е годишното време на комарците. Колку и да сакате топло време, а мразите студ, комарците се зло кое доаѓа со летото. 

komarec

Постојат два основни начини за борба против комарци, физички бариери и хемиски средства. Физичките бариери иако се најкомплицирани за спроведување, најефикасно ги спречуваат комарците да влезат во нашиот дом.

Тука се и некои природни совети за борба против комарци:

- Комарците се собираат околу устоена вода, затоа не собирајте дождовница, исушете ги сите садови од вода, сите барички или вирчиња околу вашиот дом.

- Во градината засадете лаванда, бидејќи нејзиниотмирис ги брка комарците.

- На прозорците во собата каде што спиете поставете мамки.

- За ги ​​избркате комарците од собата, користете етерично масло од еукалиптус и миризлива светилка.

- Во текот на ноќта комарци може да ги задржи подалеку од вашиот кревет и ако се намачкате со обичен неутрален крем или млеко за тело во кое сте додале неколку капки етерично масло од еукалиптус.

Коментари

Популарно