Педофилчето и Генералчето

Главна тема оваа недела во нашава ни државчка се извесно генералче и неговото кумче – педофилче. Веќе неколку дена овие ликчиња ги превземаа медиумите и нашето внимание и започнаа војничка, па паднаа многу тешки зборови:

Untitled

Генералчето: Ти си монструм! МОНСТРУМ!

Педофилчето: Е не сум!

Генералчето: Леле колку си монструм и веќе не си ми кум!

Педофилчето: Е не сум монструм! Лажеш и ништо не ме слушаш и затоа ти е тешко!

Генералчето: Е баш си монструм и многу те мразам и ако те фатам!

Педофилчето: Ти си глупав, а жена ти е уште поглупа!

Генералчето: Аууу колку си монструм!!!! Па и ќерка ми ја шмекаш!

Педофилчето: И браќата ти се глупи!

Генералчето: Змијо една!

Педофилчето: Ти сам си ја шмекаш ќерка ти!

Генералчето: Змијо монструмска!

Педофилчето: Јас сум војвода со поетски афинитети, а ти си папучар и многу си глуп!

Генералчето: Е сеа ќе идам у полиција и ќе те кажам за се! Ќе видиш ти змијо една!

Педофилчето: Ми се закануваш? И ги тераш другите да ми се закануваат? Мислиш ви се плашам? Сите ќе ве убијам. Сите! Ама некој ако ме убие мене, ти си крив!

Генералчето: МОНСТРУМ!

Педофилчето: Е ти си монструм!

Генералчето: Е ти си!!!

....

Ова се два лика кои се знаат со години, меѓу нив освен пријателсво има и кумство, но тоа не им пречи да се пукаат по фејсбук . Не ми пречи ни мене, воопшто не ми е грижа за ваквите „херои“, но оваа приказна ме загрижува од еден друг аспект. Аспектот на невиното 15 годишно девојче, кое сакало или не е центарот на приказната. За неа оваа трагикомедија нема позитивен исход. Секако попозитивно би било доколку сексуалните пораки од МОНСТРУМОТ не постојат, па тој воопшто не е педофилче, но во тој случај таа е жртва на политичка игра на својот татко, познат како генералчето. Доколку пак болните пораки се реалност, не само што девојчето е жртва на педофилче, дополнителен проблем е што законот во Македонија не може да го санкционира истото. Нема чин - нема казна! И додека Македонската јавност избира страни и бара жртва од страната на противникот, полицијата многу лесно ќе дознае дали пораките постојат и кој ги пратил. Да, во денешно време тоа е многу лесно. Веднаш ќе видат кој точно ги испратил пораките, односно од која Ip адреса се испратени пораките и дали некој друг имал пристап на профилот на педофилчето. Но, што потоа? Кој и како ќе му надомести на 15 годишното девојче за овој шок? Како генералчето ќе и објасни зошто цела Македонија требаше да го знае целиов случај? Што беше неговата поента? Да ја заштити својата ќерка или да се промовира како жртва? Зарем тој е жртвата?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно