Триесет и три годишен скопјанец им подари живот на двајца браќа!!!

Во неделата не ја преживеа тешката сообраќајка, но им подари живот на двајца браќа од Скопје. 33-годишниот скопјанец во неделата починал на КАРИЛ. Имал мозочна смрт, а органите му биле здрави. Семејството иако скршено од тага и болка одлучило да се донираат неговите бубрези. Најмногу одговарале на младите браќа на 27 и 29 годишна возраст од Скопје. И на двајцата овие бубрезите не им функционирале. Животот им зависел од апаратите за дијализа. Најтешко било како на најблиските на починатиот да им се соопшти трагичната вест.

hirurg

- Имав можеби еден од потешките денови во мојот живот кога буквално целото семејство беше тука и во разговор со нив успеавме да најдеме начин и да се разбереме дека преку бубрезите на починатиот продолжуваат да живеат други двајца во многу поквалитетен начин на живот. Начинот на кој психолошки треба да се пријде и да се изберат вистинските зборови е многу важен. Секој погрешен збор носи погрешна одлука и размислување и комплетна промена во најтешкиот миг за едно семејство, рече д-р Аспазија Софијанова,национален координатор за трансплантација

Двете трансплантации во понеделникот успешно биле извршени на Клиниката за Урологија. Иако е период на годишни одмори тимот се собрал за кратко време. Операциите почнале во 15 часот, а целата постапка завршила на полноќ. Браќата одлично ги прифатиле бубрезите.

- Уште за време на операцијата почнаа да мократ бубрезите. Пациентите се во одлична здравствена состојба. Тоа се млади луѓе и за некој ден ќе ги пуштиме дома,д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката за Урологија.

Браќата биле одбрани за трансплантација бидејќи имале иста крвна група со дарителот на органите.

- Крвната група и ХЛ совпаѓањето се двете први работи кои се битни и потоа од нив се издвојуваат неколку кандидати за трансплантација, добро е да бидат четири. Кога ќе бидат повикани на преглед, посочи тој, се утврдува кој е физички најподготвен да го прими бубрегот и трансплантацијата да заврши успешно и да не се случи нешто поради болест на некој друг орган во организмот што може да ја загрози трансплантацијата, рече проф.д-р Александар Шиколе, директор на Клиниката за Нефрологија.

Со овие две пресадувања, бубрег од починат донор годинава добија 6 бубрежно болни. Моментално на листата за трансплантација орган чекаат 250 пациенти.

-До крајот на годинава очекуваме тој број да изнесува 400 и понатаму да се зголеми. Во текот на идната година верувам дека на листата ќе имаме половина од вкупниот број пациенти кои се на дијализа во Македонија, значи повеќе од 600. Во Македонија вкупно 1.300 пациенти се лекуваат со хронична хемодијализа. Годишно има 170 новозаболени пациенти, додаде проф.Шиколе.

Превземено од: здравство24

Коментари

Популарно