Фото: Спектакуларен почеток на Пивофест - Даниел и плескавица од рекордни 90 килограми ги забавуваа гостите

Џиновска плескавица од 90 килограми, во чест на 90-години Скопска пиварница. Вака синоќа беше отворен традиционалниот прилепски Фестивал на пивото – Пивофест.

prilep-skopsko1

Пивото со најдолга традиција во земјата – СКОПСКО со рекорд ја прослави 90 годишнината од својот развој, споделувајќи ја радоста на јубилејот со љубителите на пивото на Пивофест 2014. За подготвување на чудото од плескавица беше задолжен тим од 10-ина скара-мајстори, а целата процедура на подготовка на ова гастрономско изненадување траеше повеќе часови.

prilep-skopsko2

„Предизвикот да се подготви оваа атракција беше голем колку и самата плескавица. Неопходни беа темелни подготовки, соодветен план и координација. Горди сме што поставивме рекорд за што најголема заслуга има СКОПСКО и Пивара Скопје“, изјави Диме Ѓорѓиоски, менаџер на хотел „Салида“, кој вели – „Нема добра скара, без добро пиво“.

prilep-skopsko

Прилепскиот Пивофест со својот настап го отвори Даниел Кајмакоски, победник на балканскиот X-Фактор. Фестивалот ќе трае до недела, до кога се очекува манифестацијата да ја посетат речиси 400.000 посетители.

marjan-daniel

Коментари

Популарно