Видео: Севернокорејскиот диктатор би дал се на светот ова видео да исчезне од интернет

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун на една видео снимка на Јутјуб која е голем хит на социјалните мрежи е прикажан во урнебесно издание кое жестоко ја погодило неговата суета. Американските медуими на големо пишуваат за видеото кое докажува дека „диктаторите немаат смисла за хумор“, а Ким Јонг Ун не е исклучок.

SK

Шегобијното видео го направиле Кинези, кои севернокорејскиот водач сака да ги натера да го отстранат од Јутјуб, пишува „Хафингтон пост“ во текстот со наслов со наслов „Ким Jонг Ун навистина го мрази ова видео и сака да го отстрани од интернет“. И поради тоа што воопшто не му е смешно како е прикажан како танцува, се смее , добива ракета во задникот и станува предмет на потсмев најчесто кај американскиот претседател Барак Обама. Јужнокорејски весник известува дека видеото сериозно го нарушило достоинството и авторитетот на Ким.

Коментари

Популарно