Драма во Скопје: Провалил кај сосетката и ја тепал и силувал

Дваесет иседумгодишен скопјанец провалил во домот на неговата сосетка во скопската населба Ѓорче Петров и откако физички и психички ја малтретирал, ја силувал, соопшти Министерството за внатрешни работи. Силувачот е идентификуван и уапсен. Настанот се случил на 18-ти овој месец, околу еден часот по полноќ, кога М.Л. (27) влегол преку прозорецот од кујната во домот на неговата 44-годишна сосетка. Тој ја чекал да дојде во кујната и и пришол позади грб, и ја затворил устата со рака и ја одвлечкал во спалната соба.

lisici-priveduvanje-685x320

Таму прво околу 30-тина минути психичи и физички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото, а потоа присилно извршил обљуба врз неа, при што цело време додека траела обљубата и ја држел устата затворена со рака, а со другата ја давел. По речиси 40-минутното, психичко, сексуално и физичко малтретирање, напаѓачот не си заминал, а жртвата успеала да го убеди да ја пушти да оди во тоалет, на што истиот се согласил, а таа го искористила моментот и преку надворешните скали од куќата се качила кај мајка и, која живее на првиот спрат од куќата, од каде повикале полиција. Силувачот бил уапсен и против него е поднесена кривична пријава за „силување“. Инаку, М.Л.и претходно е кривично пријавуван како сторител на деликти проследени со насилство, имотни деликти, нарушувања на јавниот ред и мир, како и сообраќајни прекршоци предизвикано од управување под дејство на алкохол.

Коментари

Популарно