Американско песпилотно летало ликвидира припадници на Ал Каед во Пакистан

Најмалку шестмина високи претставници на терористичката мрежа Ал Каеда во Пакистан се убиени во воздушен напад со американско беспилотно летало, јави ДПА. Нападот се случил на 10 јули во реонот Датахел, во немирната провинција Северен Вазиристан, еден од седумте региони во кои пакистанската армија минатиот месец почна воена операција против локалните и странските екстремисти.

pic_57edc9a9937d5811edff8cf4cfed5d14

Меѓу убиените е и Мустафа Абу Јазид, командант за операции на Ал Каеда, објавија денеска американските медиуми. Тој важи за многу близок соработник на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во Пакистан во мај 2011 година од страна на американски командоси. Смртта на шестмината терористи е потврдена и од братучед на Бин Ладен, кој се наоѓа во Сирија. Тој изјави дека шестмина „најценети наши другари“, се убиени во американски воздушен напад.

Коментари

Популарно