Убиецот на двете сестри бил телохранител на висок владин функционер!?

Утрински весник пишува дека убиецот на двете сестри, кој потоа и самиот се застрела, бил обезбедувач на висок владин функционер.

убиство-самоубиство-во-Аеродром-1

36-годишниот скопјанец Игор, за кој се вели дека бил познат и под прекарот Боксер, стелајќи од својот службен пиштол, најпрво ја убил својата пријателка Наташа, која била две години помлада од него, а потоа и нејзината 31-годишна сестра Билјана. После тој грозоморен чин и самиот си пресудил, застрелувајќи се.

Сведоци на овој страшен настан биле двете деца од Наташа, на 7 и 9-годишна возраст, кои денес беа во шок по големата трагедија. Крвавиот настан се случил денес околу 11 часот, кога Игор дошол во станот на неговата пријателка. Во моментите кога тој се појавил пред домот на Наташа, на врата ја пресретнал нејзината сестра, која планирала да си замине оттаму. И` се заканил да не си заминува, ја натерал да се врати во станот, а по кратка расправија пукал во двете жртви.

Според пишувањето на Утрински весник, Игор, за кој се зборува дека до пред извесно време бил вработен како лице за обезбедување во агенцијата „Никоб“, а сега работел како обезбедувач на висок владин функционер, побарал од Билјана да се врати во станот, наводно, со намера да расчистат некои нивни проблеми и недоразбирања,

Коментари

Популарно