ВИДЕО: Погледнете го ова уникатно хотелско будење!

Вакво будење веројатно никогаш порано не сте доживеале во некој хотел.

budenje-papagal_620_350

За на своите гости да им овозможат да се чувствуваат како во природа, Chessington World of Adventures ангажирал посебен „будилник“. Станува збор за макао папагалот кој ќе ги буди гостите од врата до врата, имитирајќи животни и смеење.

Талентираната птица од наредниот месец во тематскиот парк во Велика Британија ќе го одбележи отворањето на новиот хотел Chessington Azteca.

Личниот „аларм“ е осмислен врз основа на теоријата дека звуците на природата се најубавото нешто со што човек може да се разбуди.

Инаку, во хотелот ќе има и други обучени животни, а дизајниран е на начин гостите да се чувствуваат како да ги истражуваат мистериите на древен храм на Ацтеките.

Коментари

Популарно