ФОТО: Еве како изгледаат нозете по Тур де Франс

Бартош Хузарски, професионален велосипедист, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од своите нозе направена по завршувањето на 18-та етапа на велосипедската трка Тур де Франс, поточно по етпата во која се вози напорното и жестоко интензивно кажување на Турмале.

fo

По објавувањето на фотографијата, на својот профил на Фејсбук профил Хузарски добил огромен број пораки.

Тој вели дека пораките што ги добил содржат различни мислења, од такави дека е тоа е невозможно, дека е ненормално, нездраво, па дури и дека е последица на допинг.

„Не можам да имам нозе како модел на „Викторијас Сикрет“, ниту као госпоѓата од локалната продавница, ниту како некој што половина ден минува во канцеларија и трча трипати неделно по еден час или вози велосппед по 10 километри. Ова што го гледате не е нездраво. Тоа е разултат на професионален пристап, жртвување, правилна исхрана, боди билдинг, минимално количество масти во телото, минувани 35.000 километри годишно во последниве 12 години и познавање на своето тело“, порача Хузарски на интернет популацијата.

Коментари

Популарно