ФОТО: Тројца мажи со БМВ ја однеле Тијана во Бања лука

На Фејсбук групата „Да помогнеме да се пронајде Тијана Јуриќ“ вчера била напишана непроверена информација дека Тијана била видена во Република Српска.

tijana-juric

-Денеска едно БМВ со босански таблички застана покрај мојата куќа и го запраша дедо ми, кој беше надвор, по кој пат се оди за Бања Лука. Дедо ми им објасни и ги повика да дојдат на ракија. Тие излегоа и со себе зедоа една девојка, потечена во очите од плачење и многу личеше на Тијана. Мене одма ми текна, па и се обратив: „Еј ти си ми многу позната“ и во тој момент веднаш скокна еден од тројцата и извика „Одиме„“. И си заминаа. Јас на дедо ми му реков дека мислам оти тоа е Тијана но баба ми не дозволи да се јавиме во полиција, било напишано во групата на Фејсбук.

tijana1

Се додава дека некој наводно ја видел девојката во Бјелина.

Но, истата порака е подоцна избришана од Фејсбук страната, а во коментар е напишано дека таа информација не е точна. Повеќе од 500 граѓани самоиницијативно се организирале и заминале до полицијата и другите истражни органи во потрага на Тијана. Можно е Тијана да заминала со својот дечко, нејзиниот татко објаснил дека последен пат ја видел на нејзината матура.

-Јас ги замолувам граѓаните да не се организираат самоиницјативно и да не ја бараат мојата керќа, затоа што така можат да и наштетат на истрагата. Полицијата и надлежните служби прават се за да ја најдат мојата ќерка, а секоја информација и секој детал или било што кое би можело да и помогне на истарагата за да се најде мојата Тијана е многу важна. Помош за истрагата понуди и Министерството за внатрешни работи на Белгија, рекол Игор Јуриќ, татко на Тијана.

Со оглед на тоа што границата со Унгарија е многу блиску, надлежните веднаш стапиле во контакт со нивните надлежни органи и со Интерпол.

Коментари

Популарно