Измислен сладолед камелеон - ја менува бојата додека го лижете

Шпанскиот физичар и професионален готвач Мануел Линарес создаде магичен сладолед, кој ја менува бојата кога се лиже. Наречен “Камелеон”, сладоледот има вкус на 6 плодови. Новиот вкус е создаден за време на кулинарска лекција во Барселона. Во почетокот сите на лекцијата се насмеаа, но физичарот знаел дека има неколку опции кои можат да функционираат и да создаде дотогашниот камелеон.

Untitled1

Пред да се сервира, сладоледот има светла боја која брзо се менува кога келнерот го прска со “љубовна напивка”. Спрејот придава на слаткиот мраз темнорозова боја за околу 10-15 секунди. А кога клиентот го лиже, тој стекнува различни розови нијанси додека се топи. Формулата останува тајна, но се состои од целосно природни состојки. Инспирацијата на Линарес доаѓа од британскиот гениј за сладолед Чарли Френсис, кој е творец на флуоресцентен сладолед. Линарес работи на уште два вида сладолед. Едниот ќе реагира на ултравиолетовата светлина во ноќните клубови, а другиот ќе се претвора од бел во розов, додека се консумира.

Коментари

Популарно