Дали Албанците сакаат соживот со Македонците?

Скопје е убав град, за оние кои го сакаат и не толку убав за оние кои не го сакаат. Главниот град во 2014 може да се пофали со многу нови-стари градби во барок и неколку илјади споменици, но не беше така до пред неколку години. Не така оддамна Скопје и немаше многу знаменитости со кои ние скопјаните можевме да се пофалиме.

st

Камениот мост- ама мост си е мост, ќе дојдеш, ќе го видиш, ќе го изодиш за 45 секунди и толку.

Калето- во ред историско е исто како и мостот, ама нема што да се види, ниту прави.

Старата чаршија – калдрма, многу мали дуќанчиња, темни улички и еден куп кафани и кафичи. Јас искрено не сум голем љубител на истата. Јас сум повеќе по мермер и модерен стил на градба, но моите сограѓани ја љубат, па истата доживува втора младост. Полни локали, дотерани скопјанки, гласна музика.... и од време на време по некој локален шериф и шерифска правда.

Последниот чаршиски Чак Норис имал свој настап синоќа во еден од локалите во чаршијата. Ликот понесен од својата машкост решил дека е време да се престане со „славјанската“ музика во тој дел од градот, па собрал банда и го искршил кафичот! Летале флаши, чаши, пепељари, неколку девојки биле повредени од летачките објекти, а една завршила и без телефон кога се обидела да викне полиција. Терористот и рекол дека нема потреба да вика полиција, бидејќи немало проблем и го лупнал нејзиниот телефон од земја! ЅВЕР!

Веќе неколкупати пишував дека ваквите поединци не треба да ја оформуваат сликата за сите Албанци во Македонија, но сега се соочувам со нова дилема. Од кога знам за државава во власта секогаш има албанска партија. Лидерите на таа партија секогаш, апсолутно секогаш изјавуале дека се за соживот со Македонците дека само заедно можеме да ја водиме оваа мала држава до подобро утре. Тоа секогаш било така, се до минатата недела и изјавата на сегашната албанска партија на власт. Господата на власт од Албанското малцинство во Македонија не го признаваат нашиот претседател! Тој не бил претседател и на Албанците, затоа што тие не гласале за него?!

Оваа изјава освен што е глупава и правно неиздржана. Освен што го руши уставот и легитимитетот на секој избран политичар, праќа многу лоша порака до секој „скриен“ шериф во државава. Ако еден господин кој седи во владата на Р. Македонија и кој многу добро го знае изборниот и политички закон, може да се дрзне против институцијата Претседател, зошто „Чак Норис од Чаир“ да не го искрши локалот кој не му иполнува музички желби? Ако албанскиот победник на последниве неколку парламентарни избори во Македонија, јавно и без никакво прифатливо образложение го дискриминира македонскиот устав и ги омаловажува Македонците, зарем очекуваме од еден маалски гангстер да се потчини на законот?

Не знам дали „јунакот“ од чаршијата воопшто ја слушнал изјавата на лидерот на албанската партија на власт и дали истата била мотивација за овој настан, но сигурен сум дека таа изјава воопшто не го спречила во намерата. Јасно е дека вакви џиљкоши имало и ќе има, исто како што е јасно дека истите не смеат да бидат сликата за целата Албанска популација во Македонија, но оној господин кој седи во фотеља во Влада е токму тоа. Оној кој секогаш зборувал за соживот на Македонците и Албанци, оној кој секогаш се борел за правата на својот етникум, не смее да даде изјава во која ќе ги потцени и згази правата на Македонците, со цел да заработи некој поен кај своето гласачко тело. Така нема соживот, така нема просперитет!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно