„Тајната“ за смртта на Робин Вилијамс

Мерлин Монро, Курт Кобејн, Мајкл Џексон..... листата на ѕвезди кои си го одземале животот е навистина голема, а засега завршува со Робин Вилијамс. Оние кои си го исполнија сонот за успешна кариера, многу пари и слава, решија дека им е доволно од овој свет?! Се искачија на врвот, имаа се што може да се посака и заминаа неславно, бизарно, трагично! Од толку луѓе во светот кои не знаат како ќе го дочекаат утрешниот ден, овие речиси богови не можеа понатаму, не гледаа светлина на крајот на тунелот? Зошто? Одговорот е едноставен, дури и премногу очигледан, па изгледа нереален.

williams

Секој од нас барем еднаш во животот ја слушнал реченицата: На врвот има место само за еден. Што значи ако го достигнете, таму сте сами. Да,имате пари и слава, имате дури и моќ, но страшно сте осамени. Осамени, а сепак изложени пред светот. Битка која никој од нас не е створен да ја води. Затоа овие ѕвезди го бараат излезот во дрога, алкохол, па дури и проституција... кога тоа нема да помогне, излез нема или истиот е напуштање на овој свет. Џабе парите, колите, куќите...па и кариерата, се е празно и депресивно. Ви изгледа нереално нели? Токму во тоа е и замката. Доколку оваа вистина се прифати како објективна, тогаш никој нема да сака да биде ѕвезда! Ќе пропадне добро смислената приказна на лидерите на светскиот поредок за поврзаноста на среќата и успехот. Приказната за бескрајна среќа, доколку го достигнете врвот. Ако никој не верува во поврзаноста на успехот и среќата, ако не постојат толку многу луѓе кои се стремат да го достигнат врвот, ако сите разберат дека се е само лага...во светот нема да има осамени ѕвезди. Нема да има скршени идоли, кои повикуваат цели генерации кон борба за врвот! Ќе нема кој да промовира разврат, материјализам, алкохолизам, нема кој да ги лаже луѓето дека среќата се купува со пари. Ќе се вратат вистинските вредности на семејството, другарството, љубовта...

Сепак на светот во моментов не му одговара тоа или барем не на оние кои владеат со истиот. Тие секојдневно земаат залет, го водат човештвото кон самоубиство, со добро смислени лаги. Една од нив беше и Робин Вилијамс. Несомнено одличен актер, огромен талент, но и многу несреќен човек. Најстрашниот момент е што на системот веќе не му требаат такви таленти и токку труд за истата агенда. Сега е доволна една сисата девојка која ќе се сними секс клип. Системот од тоа ќе направи невидена атракција, а од неа нова ѕвезда, идол на неколку генерации.

Верувам дека овој текст не ви го разубави денот и не реши нити еден од вашите проблеми кои на вас ви изгледаат барем 100 пати поголеми од оние на Робин Вилијамс или на било која друга голема ѕвезда. И вие (и јас) како големите ѕвезди си имате замислено врв за освојување, кој ветува голема среќа, нели? Можеби не е толку висок колку Холивуд, но упорно се искачувате по нагорнината, тркајќи се со другите во надеж дека први ќе стигнете на местото каде живее среќата. Осамени во битката со секојдневито, заборавивме дека секој врв веќе бил освоен, а освојувачите продолжиле понатаму. Среќата не може да живее на врвот, бидејќи таа сама по себе не постои! За да постои на среќата и треба друштво. На среќата и треба ЉУБОВ!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно