Прва победа на ракометните кадети!

По несреќниот пораз од Русија во првото коло и двата високи порази од Шпанија и Днаска, македонската кадетска репрезентација ја извојува првата победа на ЕП во Полска. Совладана е селекцијата на Србија, со резултат 23:20 (9:9). Гледавме интересен и израмнет натпревар во кој нашите кадети најпосле одиграа според очекувањата и забележаа заслужена победа.

DSC7010-610x441

Во првиот дел имавме резултатска криза, која противникот ја искористи за водство од 9:5, но полувремето сепак заврши со мирољубиви 9:9. Во вториот дел се играше рамноправно се до последните пет минути од средбата, кога и го разбивме противникот. Во овој дел одлично изиграа Талески и Нелоски и особено голманот Кизиќ, кој одбрани неколку тешки удари.

Македонија утре ќе се сретне со селекцијата на Исланд, а средбата е закажана со почеток во 13 часот.

Србија – Македонија 20:23 (9:9)

Македонија: Кизиќ, Блажевски, Даниловски, Бошковски 1, Давитковски, Гроздановски, Крстановски, Крстевски, Маркудов 4, Нелоски 8, Палевски 3, Поповски, Ставридис, Талески 5 и Велковски 2. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 10 минути.

МВП: Мартин Велковски.

Коментари

Популарно