Време е да ги оставите цигарите: Ова е најлесниот начин

Пушењето цигари е една од најчестите причини за смрт во светот. Откажувањето од оваа зависност за некои луѓе е невозможна мисија, отаму потребата за стручна помош. 

pusenje ilustracija

Советувалиштата за откажување од пушење, лоцирани во центрите за јавно здравје во земјава од денеска се отворени за сите заинтересирани граѓани кои можат да се пријават на едукативни предавања, а наскоро ќе има и специјализирани советувања за адолесцентите, соопшти Министерството за здравство.

Во секој Центар за јавно здравје работи стручен кадар составен од лекар-специјалист, медицинска сестра и здравствени соработници, односно социјален работник, психолог и други. Покрај посочувањето на штетноста на пушењето, ќе бидат презентирани и различните можности за одвикнување од пушењето, како медикаменти, мастики, фластери, а ќе има укажување и за симптомите на апстиненцијалната криза.

Советувалиштата за откажување од пушење почнаа да функционираат во јуни годинава, но за здравствените работници кои се пушачи.

Студиите спроведени во Македонија покажале дека речиси 80 отсто од лекарите сметаат дека пациентите полесно ќе се одвикнат од пушење доколку бидат советувани од лекари, поради довербата.

За советувалиштето во Скопје информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3298-667 л.167, за Прилеп на 048/403 600 и 048/427 475, за Струмица 034/324 495, за Велес 043/233-202, Охрид 046/279-830, Штип 032/609-152, Кочани 033/270-688, Битола 047/208-120, Куманово 031/415-004 и Тетово 044/333-499.

Коментари

Популарно