Ранг листа од екстерното тестирање

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар денеска ја објавија ранг листата на наставниците од основните и средните училишта, изработена согласно извештајот со резултатите од спроведеното екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците за учебната 2012/2013 година. (mon.gov.mk и dic.edu.mk).

56BF9FF9-7A90-440C-9923-108D2FF93D10_cx0_cy1_cw0_mw1024_s_n1-1728x800_c

- Согласно одредбите во законите за основно и средно образование, наставниците коишто се наоѓаат во долниот дел од оваа ранг листата, односно 20 проценти од вкупниот број на наставници коишто имаат најголеми отстапувања во оценувањето на учениците во учебната 2012/2013 година, ќе добијат соодветна стручна советодавна помош, односно ќе посетуваат советодавни обуки коишто ќе бидат организирани од страна на Бирото за развој на образованието, за што дополнително ќе бидат информирани, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Оттаму додаваат дека решенија за зголемување, односно намалување на платите на наставниците согласно извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците, ќе се изготвуваат почнувајќи од учебната 2013/2014 година, за која, согласно законските одредби, извештајот ќе биде објавен во втората недела на

септември.

Коментари

Популарно