ВИДЕО: Фудбалер бранеше пенали и го однесе Лудогорец во ЛШ!

Реванш натпреварот во рамките од плејофот во Лигата на шампионите помеѓу бугарскиот тим Лудогорец и Стеауа Букурешт ќе влезе во фудбалската историја и долго ќе се памети.

ludogorec-500

Имено, Бугарите беа пред елиминација бидејќи првиот меч во Бугурешт го загубија со 1:0, а на реваншот до самиот финиш не можеа да го пронајдат патот до мрежата на противникот, со оглед на тоа дека фудбалерите на Стеауа беа подобар противник.

Сепак, во 90-тата по еден корнер, Лудогорец преку фантастичниот гол на Вандерсон стигна до победа од 1:0, што значеше дека ќе мора да се играат продолженија. Таму, 29 минути немаше возбудувања, а последната минута донесе неверојатни моменти.

Имено, фудбалерите на Стеауа беа во контра напад преку Фернандо Варела кој јуришаше кон противничкиот гол. Голманот Владислав Стојанов го напушти својот гол и го собори противникот и заслужено заработи директен црвен картон.

Со оглед на тоа дека Лудогорец веќе имаше извршено три измени, на голот застана романскиот интернационалец Козмин Моти. Тој најнапред го одбрани слободниот удар, а потоа во пенал рулетот стана херој.

Моти успеа да го одбрани вториот и последниот удар на фудбалерите на Стеауа и со тоа да го однесе бугарскиот тим во групната фаза од Лигата на шампионите, за прв пат во историјата на овој клуб.

Коментари

Популарно