ФОТО: Познатата новинарка откри дека е елитна проститутка!!!

Гоф која е мајка на две деца и со години работи како новинар и ТВ водител е позната и како ескорт дамата Саманта X. Нејзините пријатели знаат со што се занимава и пред две години и дале целосна поддршка откако решила да ја промени професијата.

novinarka1

Австралиската водителка на вести, Аманда Гоф (40) ја шокираше јавноста со своето признание дека покрај успешната медиумска кариера се занимава и со елитна проституција.

-Понекогаш се прашував што правам. Имав сè, прекрасна работа во медиумите, сјаен сопруг и лудо звучи, но се одреков од сето тоа за да се занимавам со ескорт. Има моменти кога се прашувам зошто ми требаше сето тоа. Погледнете ми ги брчките зарем со нив ќе заплатувам 800 долари?, вели таа.

novinarka

Кариерата и започнала во луксузен бордел во Сиднеј, а по неполни две години решила да започне и сопствен бизнис во овие води. Гоф објаснува дека цела ноќ помината со неа чини 5000 долари и дека кога некој ќе и наплати 12 часа ескорт тоа значи дека 12 часа треба да дава сексуални услуги.

Таа додава дека работата како елитна проститутка и дава лична и материјална сатисфакција.

Коментари

Популарно