Побарал развод зошто жена му била сексуално ненаситна

Индиец добил развод на брак врз основа на тоа што неговата сопруга е незаситена за секс, јавуваат индиските медиуми..

Мажот во јануари го поднел барањето за развод во судот во Мумбаи. Во образложението навел дека жената се однесува „агресивно и авторитарно“ и дека откако се венчале во април 2012 година постојано сексуално го малтретира.

Hrithik-Roshan-Kisses-Katrina

Индиецот тврди дека го терала да зема апчиња за зголемување на сексуалната моќ и поради тоа завршил во болница.

„Таа претставува опасност за мојот живот и мојот орган. Поради нејзиното насилно однесување, животот ми стана пекол“, напишал во барањето за развод.

Коментари

Популарно