Даниел Кајмакоски ја живее судбината на Тоше!

Македонија е библиска земја. Некои одат дотаму што ќе речат и дека „Рајската градина“ се наоѓала токму на оваа територија и дека Бог ги спуштил Адам и Ева каде што денеска живееме ние. Побожни или не, еден факт никој не може да оспори. Ова е мала држава на многу таленти. Само во последниве 40тина години ги имаме Дарко Панчев, Пепи Манасков, Борис Трајанов, Кирил Лазаров, Горан Пандев, Симон Трпчевски, Петар Наумовски, Тоше Проески... и како нов голем талент Даниел Кајмакоски. Точно, Даниел треба да работи уште многу за да може да се „дружи“ со овие големи Македонци, но ако досега нешто научивме за ова момче е тоа дека тој никогаш не се откажува. По големиот број на порази и одбивања, Даниел се појави на „X-Factor“ и го освои Балканот во еден здив. Му беа потребни 30 години, но ја постигна целта. Подржан од мал број на блиски луѓе стружанецот се искачи на врвот. Македонија застана зад него и уште еднаш позна херој, идол, огромен талент, но....

Daniel-Kajmakoski-Tose-Proeski

Секогаш кога Македонците ќе видат нов голем Македонец, се појавуваат „македончињата“ на кои тој им пречи и се обидуваат да го уништат. Така беше со секој од оние што ги наведов во текстов, така беше и со Тоше, така е и со Даниел. На само неколку часови пред засекогаш (физички) да не напушти, Ангелот ја раскажа вистината за светот во кој живеат големите таленти. Се молеше и бараше подршка за да издржи. Не молеше нас Македонците да го заштитиме од „македончињата“! Истата судбина денеска ја живее и Даниел Кајмакоски. Истите тие „македончиња“ сакаат да го исцедат и него како што го цедеа Тоше. Последен доказ за такво нешто е статијата на еден македонски портал пред неколку дена со наслов : „СКАНДАЛ: Кајмакоски полуде во Велес – „Ете ви го Маид, нека ви прави концерт!“. Истиот тој портал неколку часа подоцна ја демантираше веста, но штетата е веќе направена. Знаат добро новинарите, а уште подобро уредниците на порталите дека една ваква вест со спектакуларен наслов остава огромна трага, колку и да е демантирана истата подоцна. Порталот, кој не сакам да го наведам, има главен уредник кој е во светот на музиката повеќе од дваесет години, што значи дека добро знаел што прави. Доказ дека самата статија е намерен и директен напад врз Кајмакоски е следново:

Во првата статија и нападот над Даниел пишува дека Даниел требало да биде биде во жири на „ФМ Талент“, а кога дошол на местото му било кажано дека за него нема место и дека може само да отпее, по што Даниел си заминал. Ова е секако лага, но дури и да било така кој смее да му замери на Кајмакоски? Ако организаророт отстапил од договореното, зошто еден популарен пејач како Даниел би му пеел за џабе? Порталот уште пишува дека Даниел рекол „Ете ви го Маид, нека ви прави концерт!“!!! Од каде им е оваа информација? Имале човек на лице место? Кој е тој? Зошто не кажат кој ги лажел? Во демантот во кој пишуваат дека организаторот на „ФМ Талент“ им кажал дека Даниел не бил во план за жири, ниту да пее и кога тој се појавил сите биле пријатно изненадени. Кој ви беше изворот луѓе? Дали вие како новинари ја проверивте приказната или од прва на слепо напишавте приказна? Да беше уредник некој нов новинар ќе верував дека се работи за грешка, но тоа не е случај. Ако се земе во предвид дека при оваа дешаванка на лице место уредникот има свој близок пријател, многу е јасно од каде му е приказната и дека се работи за намерен напад врз името на Даниел Кајмакоски. Која е причината за нападот....тоа нека ви одговорат од порталот, јас не се занимавам со толку ниски игри или фаци.

Македонија е библиска земја на многу таленти, но исто така земја во која е ѓаволски тешко да го покажете својот талент и да испловите од просекот. Македонија е земја на која и се потребни вистински идоли, со вистински вредности и кога ќе се појави еден таков многу е важно да го задржиме. Изгубивме многу и таленти и време. Некои не можеме да ги вратиме, па колку и проклето да се обидуваме. Затоа да ги чуваме оние кои ги имаме и кои можат да ни го разубават животот и да ни покажат дека Македонците можат да бидат големи и во светот. Да не научат како во реалност се остварува сонот. Тоа нашата одговорност! Да им покажаем на „македончињата“ дека сме повеќе од нив и многу посилни и конечно да ги пратиме каде што им е местотo, во историјата.

За крај, поздрав до Даниел Кајмаккоски. Чувај се другар со тебе сме!

Автор: Пацифист

Сите текстови на Пацифист читајте ги ТУКА.

Коментари

Популарно