ГИ ФРЛАТЕ ИСКОРИСТЕНИТЕ ВРЕЌИЧКИ ОД ЧАЈ?: Откако ќе го прочитате ова повеќе НИКОГАШ нема да го правите тоа!

За лековитоста на чаевите веќе ни е познато, но дека искористените вреќички од чај можат одлично да послужат во потполно неочекувани ституации во домаќинството не сме знаеле.

vrekicka-cajj_wide

Освен тоа, најефикасното влијание на чајот, како што тврдат кинеските доктори е ставање на вреќичката на чајот во перница, што доста помага да се разбудиме со чиста глава и побрзо да размислуваме.

Откријте на кои уште начини може да се искористат вреќичките од чаевите.

1. Тргнете го црвенилото од очите

Ставете вреќички чај во ладна вода, извадете ги и ставете ги на капаците. По само неколку минути ќе се тргне црвенилото и отеченоста и вашите очи повторно ќе изгледаат свежо а и вие ќе изгледате подмладени.

2. Маринирајте го месото

Месото кое планирате да го подготвите за ручек маринирајте го во остатоците од чајот со помош на искористените вреќички за чај за да спречите да стане тврдо и жилаво. Слаткоста на чајот ќе го збогати вкусот на месото и ќе го одржи влажно.

3. Исчистете го домот

Чајот може да ги отстрани маснотиите и нечистотиите од огледалото, подовите дури и линолеумот. Само внимавајте и добро избришете потоа за да не останат дамки.

Коментари

Популарно