Тешка сообраќајка помеѓу автобус и автомобил, еден загинат

Едно лице го загуби животот во сообраќајка што се случи нешто по пет часот утрово на патот Штип – Кочани помеѓу штипските села Чардаклија и Долни Балван, јави МИА.

soobrakajka-520x272

Несреќата се случила меѓу автобус кој превезува работници и автомобил „форд“ во директен судир. Во тек е увидот на местото на настанот од страна на обвинителот и полицијата.

Инаку, сообраќајот веќе два часа е во прекин меѓу Штип и Кочани. Во моментов се одвива наизменично.

Коментари

Популарно