Кој му ја украде жената на Шумахер?

По разводот на возачот на Формула 1, помалиот брат н седумкратниот првак Михаел Шумахер, Ралф и неговата сопруга Кора, германскиот „Билд“  ја откри причината за крајот.

bokser-mu-ja-ukrade-zhenata-na-shumaher-178172

Според најтиражниот германски весник Кора, подолго време го изневерувала Ралф со боксерот Мануел Чар, а доказ за тоа е што тие често се забележани заедно во последно време.

Боксерот, кој има либанско потекло не негираше дека е во врска со сопругата на поранешниот пилот во Формула 1.

Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи меѓу Кора и Шумахер. Тоа е лично прашање . Освен тоа сега треба да се фокусирам само на тренинзите, изјави Чар, кој на ќе влезе во рингот на 24 октомври во Москва.

Во исто врме Ралф се појави сам во Берхајм, каде што поседува семејна куќа. Тој таму беше забележан како го шета своето куче, а имаше и долг разговор со првиот сосед.

Шумахер и Кора веќе предизвикаа голем интерес во германската јавност, која го очекува епилогот од нивниот валкан развод, во кој двете страни ќе се борат за старателството над синот Дејвид, и поделбата на парите и имотот. Според германските медиуми Кора би требало да добие пет милиони евра од вкупното богатство кое се проценува на 100 милиони евра. Но, Кора не се задоволу со 5.000.000 евра и очигледно е дека сака да извлече повеќе од поранешниот возач во Формула 1.

Коментари

Популарно