Видео: Ако носат девојче мора да абортираат

Во традиционалните семејства во Албанија се случува вистински хорор. Денеска, благодарение на медицината, однапред се знае полот на бебето. Оние Албанки кои се бремени со женски деца се принудени да абортираат. Од владата во Тирана велат дека мораат да вложат огромни напори за да се спречат ваквите грозоморни абортуси.

ultrazvuk

Deutsche Welle направи репотажа за една од жените што морале да поминат низ ваков грозоморен чин. Таа не сакала да го открие својот идентитет од срам, но сепак сака светот да знае за нејзината тажна судбина како и на многу други жени од Албанија. Таа била принудена да абортира по втор пат бидејќи како и првиот така и вториот пат носела девојче. На абортус не ја приморувал само сопругот, туку и цело негово семејство.

Коментари

Популарно