Дневен хороскоп

ОВЕН

Би морале во следните два дена малку да мислите на тоа дали сè што ви е на ум, треба да и го соопштите на својата околина, бидејќи некои работи можат другите да ги повредат, а да немаат никакво друго дејство. Значи ,паролата искрен сум е добра, но само ако не се инсистира на неа, односно ако не се претерува, како и со сè друго, бидејќи и најдобрите нешта, ако се премногу, стануваат своја спротивност. Од друга страна, деловните проблеми може да ги донесете дома и да ги зморувате со нив домашните.

БИК

Брзо усвојувате нови сознанија и вештини, и тоа може во следните неколку дена да ви донесе некакви предности ако сте на некоја обука или во позиција на некакво стекнување знаења, секако, и нивна проверка. Ова особено ако знаењата се примаат на друг јазик, односно ако сте на некаква обука, семинар и слично. Многу можности за контакти со роднини, со роднини на партнерот, со променливи резултати од тоа. Ако се односите лоши, такви ќе бидат и комуникациите, иако можеби не со голем интензитет.

БЛИЗНАЦИ

На небото за вашиот знак се аспекти кои говорат за пари, финансии, трансакции и за манипулации со нив. Во прашање можат да бидат и големи пари, но не очекувајте дека ќе ги добиете, се работи за трансакции со големи пари, најчесто ако работите со нив, со банки или финансиски институции, и тоа со огромни суми, а само мал, навистина мал дел од припадниците на знаков, такво нешто ќе доживеат и на приватен план. Но во прашање се и наследства, некакви стари имоти, кои во денешни услови за некого можат да се со навистина големи вредности.

РАК

Следните неколку дена ќе бидете симбиотички врзани за партнерот, но проблемите настапуваат ако тој сака малку повеќе простор за движење и самостојност. Но, од друга страна, имате скриена тенденција да се популаризирате, па ваквиот однос кон партнерот, всушност, има некакво скриено инсистирање да бидете познати или препознатливи во вашата околина како некој што најмногу на светот мисли, се труди и се ангажира околу својот партнер. Бракот и партнерството во следните неколку дена ќе ви бидат најважни нешта во животот.

ЛАВ

Не претерувајте со напори денес, со работа и со активности, бидејќи доста тешко се адаптирате на промената на климатските услови, а освен тоа, можеби во прашање е активност за да не се соочите со некакви проблеми кои ве мачат подолго време. Од друга страна, и здравствениот билтен не е од најдобрите, а троа ќе го забележите ако сте под влијание на некаква акутна здравствена проблематика, но во прашање може да биде и здравствена проблематика на некој друг за кого се грижите.

ДЕВИЦА

Вие навистина си ги сакате пријателите или барем така мислите. Но во прашање може да биде и несигурност и постојана тенденција да си ги проверувате ставовите и мислењето со пријателите, ама тука ќе нема објективност. За вистинско мислење прашајте ги оние што не ви се пријатели, бидејќи најчесто тие ќе ви ја кажат вистината , пријателите ви се субјективни и можат да ви кажат тоа што сакате да го слушнете. Пријателите стануваат љубовници, измешани чувства, секс на пријателска основа.

ВАГА

Мора да внимавате денес на своето его кое има можности да биде и повредено. Најчесто вниманието ќе ви биде насочено кон вашиот статус во однос на едниот родител, кој може да биде како вас, со тенденција да е доминантен. Ако не сте знаеле, си ја имате таа жичка во себе, иако за себе мислите дека сте неконфликтна личност, која мрази да се наметнува. Ангажираност со некаква недвижност, односно работа на тоа, а можеби само планови да се стори нешто околу некаков имот, сопственост.

СКОРПИЈА

Лесно знаете да се изразите, да пренесете информации и од најсложен вид едноставно и разбирливо, но не сакате да повторувате или да ве прекинуваат среде говорење. Егото ви е изразено денес, внимавајте некој да не ве повреди, односно внимавајте на такви ситуации и односи во кои треба да се докажувате. Аспектите говорат за такви тенденции некои два дена, како и за потребата од многу движење и активност, контакти со странци странство, со институции и слично.

СТРЕЛЕЦ

Некакви задоволства или ќар од партнерот или, пак, преку него, тоа може да се и некакви вредни информации од кои ќе имате и двајцата корист. Ова, секако, се однесува и на приватниот, но и на деловните партнери, комитенти, клиенти и на сите со кои влегувате во некаков деловен партнерски однос, не мора да е само ортакот во прашање. Денес парите ви се наклонети, па би требало малку повеќе да сте концентрирани на таа страна. Ова особено ако располагате или работите со пари да други луѓе, не ваши лични.

ЈАРЕЦ

Денес партнерот може да ви е многу важен поради нешто, некаква ситуација или однос. Всушност, се работи за некаков емотивен ангажман околу него, поради негова проблематика или чувства, емоции. Во прашање може да е и доминантен партнер, а во тој случај можни се и мали, ситни недоразбирања, натегања, импулсивни непотребни реакции на забелешка и слично. Но ако се односите лоши подолго време, денес се можни и други решенија и ситуации, дефинитивни раскини и слично.

ВОДОЛИЈА

И вие, како и знакот на Лав, денес не знаете за доста, во смисла на активности и ангажмани, може да гинете од работа и динамика, но ќе мора малку да мислите и на себе, на своето здравје, бидејќи нема вистински причини за такви запнувања, освен ако не се во прашање некакви психолошки мотиви и причини, бегства од нешто и слично. Од друга страна, можни се само посакувања да се биде активен, а всушност, да не се мрднува со мал прст, за што причините можат да бидат како оние погоре посочени.

РИБИ

Многу пријатели и пријателства во вашето опкружување, личности кон кои имате многу чувства и со кои лесно воспоставувате комуникација, кои ќе ви се најдат, ќе бидат многу љубезни со вас и ќе ви помагаат. Креативноста во покачување, но и веселоста и чувството на забава за се што го работите или на што сте ангажирани, ваквото чувство прави да сте неверојатно креативни и успешни, иако е малку проблематична работната енергија . Пријателите понекогаш можат да искажат, кај поединци од знаков, и поинакви чувства, или вие кон нив.

Коментари

Популарно