“Името на моето девојче не е зло” – Нема да ви се верува како го крстила своето дете

Луѓето до неодамна му се восхитувале на името со кое една Австралијанка го нарекла своето девојче... Но тоа одеднаш се променило.

 se-potresle-bidejki-imeto-i-e-isis-no-i-islamistive-se-isis-ccc-2

Кога Шеридан Лескиен би го претставила своето девојче до пред неколку месеци одговорот би бил речиси секогаш ист: "Колку прекрасно име", "Звучи навистина моќно", "Многу е необично, што значи?", "Од каде потекнува?"...

Луѓето се восхитувале на името кое родителите го позајмиле од египетската божица и му го дале на своето девојче - ИСИС. Тоа е грчкото име за Изида, божицата која се одбележува како идеална мајка и сопруга, заштитничка на природата и жена, пријателка на робовите, грешниците и мајсторите - која ги слуша нивните молитви. 

se-potresle-bidejki-imeto-i-e-isis-no-i-islamistive-se-isis-ccc-3

"Секој ден постои некоја нова вест во медиумите во врска со дивјаштвото на милитантите на ИСИС и за тоа какво зло се ИСИС. Се плашам дека нашата ќерка ќе стане мета на навреди и напади", срамежливо изјавила мајка и' за News.com.au.

se-potresle-bidejki-imeto-i-e-isis-no-i-islamistive-se-isis-ccc-4

"Оваа моментална состојба го уништува нашето семејство, како и иднината на нашата Исис. Сочувствувам со сите семејства кои се погодени од акциите на Исламската држава, со новинарите, со сите оние кои страдаат, но страда и моето семејство", тврди мајката и додава дека нивната 8-годишна ќерка моментално се' уште не е свесна за злото со кое е поврзано нејзиното име, но како семејство кое живее во Сиденј, ќе го почувствува тоа за некое време.

se-potresle-bidejki-imeto-i-e-isis-no-i-islamistive-se-isis-ccc-1

Коментари

Популарно