Напуштена куќа во Хрватска крие една од најголемите тајни на ЈНА

Навидум обична, оваа куќа била атомско засолниште, во чиј излезен дел има и бетонска врата што може да запре дури и нуклеарен удар. Се простира на 2.000 квадратни метри со голема низа разноразни простории.

mkd-151905

Во централниот дел на Хрватска, во Карловачката жупанија, кај споменикот Петрова Гора, се наоѓа една напуштена куќа во шумата, која со години претставуваше голема мистерија.

По многу години е откриено дека таа била атомска скривница и била една од најголемите тајни на поранешната ЈНА.

Лифтот во оваа навидум обична куќа, која имала и име, „Магаречевац“, на три ката, бил особено специфичен. Имено, тој не одел нагоре, туку се спуштал 50 метри под површината на земјата, каде што всушност била скривницата за случај на напад со атомска бомба, а која била опремена во неа да може без проблеми да се живее 3 месеци без излегување надвор, пренесува српски Телеграф.

Пензионираниот бригадир Златко Цишпер објаснува дека специјализираната станица Петрова Гора се простира на 2.000 квадратни метри, со цела низа простории – електрична централа, кујна, шпајзови, простории за спиење, простор за деконтаминација. Сите простории се одвоени со прегради и со врати со ударни вентили за случај на паѓање на атомска бомба, а во излезниот дел се наоѓа бетонска врата од 40 тони, конструирана да разбие и да запре и бран од нуклеарен удар.

Коментари

Популарно