Сменил пол и станал жена, сега плаче да биде маж!

Се родил како момче, Метју но кога имал 22 години го променил полот и името во Челзи Атонли, сега повтроно сака пак да се оперира за да биде маж. Првиот пат Националниот здравствен сервис и ја платил операцијата, а сега треба сама да искешира 14 илјади евра доколку сака да си го врати пенисот.

23452345

Таа е уморна од шминкање и високи потпетици и во едно интервју изјавила дека најтешката работа во светот е да се биде жена.

" Отсекогаш сум сакала да бидам жена, но не можам да имам убаво женско тело, без разлика каква и операција да направам на себе, па поради тоа се чувствувам дека живеам во лага. Ме исцрпува постојаното шминкање и носење на високи потпетици. Дури и тогаш не се чувствувам како вистинска жена. Поради хормоните кои ги внесувам се намачив и се борам со депресија и анксиозност. Многу полесно ќе ми биде ако повторно станам маж", изјавила Челзи која сака повторно да се вика Метју.

Таа веќе почнала да ги прима инјекциите со тестостерон, што е почетна фаза во промената на полот.

Коментари

Популарно