Новата Бонд девојка доаѓа од Македонија?!

Одличната македонска актерка Јелена Јованова,  би можела да се појави во новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, пишуваат хрватските медиуми.

jelena-jovanova-unu

29-годишната Јелена глумела во филмот “Земја на крв и мед” на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште еден успех во кариерата бидејќи влегла во вториот круг на кастингот за филмот за агентот 007, кој за сега го носи насловот “Bond 24″.

“Дојдоа до мене преку една кастинг менаџерка од Сараево”, потврдила младата актерка и додала дека не се појавила на аудиција, туку била одбрана на основа на видео снимки.

Вели дека не е сигурна дали ќе успее да се појави покрај Даниел Крег, бидејќи се’ уште не добила никаков повик ниту потврда од Лондон.

Моментално живее на релација Скопје-Загреб, каде што работела на серијата “Тајна”,

Коментари

Популарно