Завршена е аутопсијата - Дали телото е на Дениса

Завршена е аутопсијата на телото кое беше пронајдено крај островот Карпатос. Сознанијата од истата ги потврдија информациите дека има сличности со Македонката Дениса Маркоска која исчезна од брод на 12 септември.

denisa

Извори од македонското МНР вчера соопштија дека грчката полиција ги информирала дека е најдено тело кое според описот кореспондира на исчезнатата.

Со оглед на тоа што телото било во напредна фаза на распаѓање, за сега не може да се утврди причината и времето на смртта, односно дали станува збор за давење или смртта настапила пред телото да дојде во допир со морето.

Форензичарот Ланајотис Котрецос, кој ја правел обдукцијата, за македонската телевизија Канал 5 изјавил дека на телото немало траги на насилство и веројатно станува збор за давење.

Родителите на Маркоска за некои медиуми потврдиле дека од нив е побаран примерок од ДНК, со чија анализа ќе се утврди или ќе се демантира дали се работи за исчезната 23 годишна Македонка.

Коментари

Популарно