Видео: Најпопуларниот македонски камионџија, всушност е доктор

Со својот глас и песни Македонецот Андруш Ангелковски стана преку ноќ популарен, ширејќи позитивна енергија кај сите.

andrusss500

Во интервјуто за екстрадниот магазин Бекстејџ, Ангелковски вели дека тој не е камионџија, туку дека е доктор.

-Ме нарекоа камионџија. Јас мислам дека не сум камионџија, јас сум доктор. Доктор сум затоа што секој човек е среќен, секој човек се смее е задоволен, слуша, пее, игра...без разлика. Тоа е бесплатна медицина што е најскапа во светот што не може во ниедна аптека да ја купиш. Затоа јас не сум камионџија, јас сум доктор, вели Ангелковски. Тој потекнува од Ресен, но живее и работи во Америка.

Коментари

Популарно