МВР откри детали за синоќешната престрелка на активистите на ДУИ

За вчерашниот инцидент во скопската општина Сарај, во селото Кондово, МВР соопшти дека во селската чајџилница имало престрелка помеѓу четири лица, при што еден од нив добил тешки телесни повреди.

kondovo-mala-1728x800_c

Три лица се пренесени во Ургентен центар-Скопје каде кај едено лице се констатирани тешки телесни повреди. а едно лице било пренесено во Градската болница „8 Септември” каде била констатирана тешка телесна повреда, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

aa-1728x800_c

Претходно високиот функционер на ДУИ од Сарај и потпретседател на Собранието на Република Македонија Рафиз Алити за „Утрински весник” изјави дека синоќа немало состанок на партискиот огранок во Сарај и дека престрелката меѓу членови и приврзаници на ДУИ се случила во чајџилницата во Кондово.

Коментари

Популарно