ВИДЕО: Кога судијата ќе се најде на погрешно место, публиката добро се забавува

Во шпанското кошаркарско првенство Реал Мадрид беше подобар од Тенерифе и победи со 93:82. Сепак овој натпревар немаше да добие посебно внимание, да не настрадаше судијата.

espectacular-balonazo-de-sergio-llull-a-un-arbitro-6047442

Бекот на Реал, Серџо Лул се обиде да спаси една топка која одеше во аут, но место да ја врати во теренот, го погоди судијата директно во главата, кој веднаш падна на паркетот.

По краткиот период во шок, судијата стана и доработи натпреварот до крај, а публиката ја искористи ситуацијата за да му фати малку сеир на човекот задолжен за делење на правдата на теренот.

Коментари

Популарно