Директорот на Apple призна дека е геј

Еден од највлијателните луѓе во светскиот бизнис, извршниот директор на компанијата Apple, Тим Кук отворено признал дека е горд што е геј.

tim_cook_-520x299

- Да бидам јасен. Горд сум што сум геј и сметам дека фактот што сум хомосексуалец е еден од најголемите дарови кои сум ги добил од Бога - објавил Кук во колумната за магазинот „Блумберг бизнисвик“.

Кук додал дека „многу“ вработени во компанијата Apple знаат дека тој е геј, но дека тоа не влијае на начинот на кој го третирааат. Тој признава дека не му било лесно отворено да ја признае својата сексуална ориентација, бидејќи приватноста му е многу важна, но сакал да ја поттикне еднаквоста.

- Не се сметам себе си за активист, но знам колку имав корист поради жртвата на другите луѓе. Можеби некој кој се бори со сопствениот идентитет ќе биде утешен со фактот дека е извршниот директор на Apple е геј и ќе ги инспирира луѓето да инсистираат на еднаквост, а притоа тоа е вредно губење на приватноста - изјавил тој.

tim-cook-pointing-somewhere

Компанијата Apple од неодамна се заложува за еднаквост, а компаннијата заедно со Тим Кук учествувала на Парадата на гордоста во Сан Франциско која беше одржана во почетокот на годината. Кук минатата година објавил текст во „Вол стрит журнал“ инсистрајќи конгресот на САД да го прифати Законот за недискриминација на вработените. Од Apple исто така јавно се противеа на законот од Аризона кој им овозможувал на работодавачите да ги одбиваат канддатите во зависнот од религиската припадност.

Коментари

Популарно