Уапсен трикратниот убиец од Кавадарци

Уапсен тројниот убиец од Кавадарци Тони Станоев, пренесува Press24 од полициски извори. Според информациите на Press24, тој бил фатен пред половина час на гробиштата во Кавадарци. Полицијата имала сознанија дека тој ќе се појави таму и му поставила заседа.  Кога Тони ги видел полицајците почнал да бега при што полицијата испукала неколку куршуми во воздух во знак на предупредување. 

stanoev1-550x300
По приведувањето кај Тони е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми.  Извори на Press24 велат дека тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви. 
Од полицијата потврдуваат дека го имаат приведено осомничениот за убиството на семејството од Кавадарци но не откриваат повеќе детали.
Тони Станоев завчера во семејната куќа во Кавадарци ги уби родителите на својата поранешна сопруга и нејзината сестра.

Коментари

Популарно