Уште двајца мигранти загинаа во железничка несреќа

Уште двајца емигранти загинаа синоќа по полноќ во железничка несреќа што се случила на пругата Гевгелија – Табановце, информираат од МВР. Товарен воз кој сообраќал во овој правец, прегазил двајца браќа од Сирија на возраст од 22 и 23 години кои загинале на лице место. Несреќата ја пријавил машиновозачот.

covek-na-pruga-3-520x305

Железничките несреќи во коишто жртви се емигранти од Сирија и Авганистан се се почести во Македонија. Емигрантите нелегално ја преминуваат границата со Грција и се ориентираат по пругата Гевгелија – Табановце за да го најдат патот кон европските земји. Минатата недела животот го загуби Авганистанец и неговото бебе.

Коментари

Популарно